Викендов во СЦ “Борис Трајковски” се одиграа шестото и седмото коло од Супер лигашкото првенство во пинг понг.
Фаворититот Младост 96 не дозволи изненадување и го зачува врвот на табелата, со максимален учинок седум победи од исто толку натпревари. Екипата на Младост 96 е најсигурен кандидат за презимување на првото место на табелата.
Следното осмо и деветто последно есенско коло ќе се одиграат на 18 октомври, со екипите на Крива Паланка и Радовиш, ќе треба да го зачуваат врвот на табелата без пораз.
Младост96 во шестото коло се сретна со екипата на Нец 2, екипа која можи да направи доста изненадувања, бидејќи во своите редови го имаат српскиот играч М.Миленковиќ. Прилепскиот тим победи со 4-2, но за одбележување е одличниот натпревар на двајцата српски играчи, Костадиновиќ за Младост 96 и Миленковиќ за Нец 2, каде поуспешен беше Миленковиќ со 3-1.
Победи остварија: Костадиновиќ една победа и еден пораз, Станојковски две победи и Костовски една победа и еден пораз исто од Миленковиќ.
Во седмото коло се играше натпревар со Работнички, а остварена е победа со резултат 4-0.
Александар Рикалоски одигра и оствари две победи, додека по една победа извојуваа Андреј Лашкоски и Костадиновиќ.
Вториот прилепски клуб, Младост, исто така извојува две победи, и е на делба на второто место на табелата со екипата на Шампиони ФА, со по еден пораз. Токму нивниот меѓусебен дуел во наредното последно коло ќе одлучи кој ќе презими на второто место.
Резултати Супер Лига VI коло
Работнички – Струга 4:2, Вардар – Младост 2:4, Нец – Радовиш 3:4, Шампион ФА – Крива Паланка 2007 4:2, Нец 2 – Младост 96 2:4
Резултати Супер Лига VII коло
Младост 96 – Работнички 4:0, Крива Паланка 2007 – Нец 2 2:4, Радовиш – Шампион ФА 2:4, Младост – Нец 4:2, Струга – Вардар 1:4