Токсините влегуваат во нашите тела од различни извори, од загадувањето на внатрешниот и надворешниот воздух, од пушењето, од пестицидите, од храната која содржи вештачки состојки и други. Често се случува токсините да го напушти телото, туку да се акумулира во него.
Ако вашето тело е полно со токсини, тоа може да се препознае од следниве седум знаци. Ако ве измачува и само еден од овие симптоми, тоа може да укажува на премногу токсини, а ако чувствувате повеќе од три, можете да бидете сигурни дека на вашето тело му треба детоксикација.
-
Несоница
Акумулацијата на токсини (особено акумулацијата на естроген) е честа причина за несоница. Ако имате проблеми со спиењето, тоа може да значи дека ви треба чистење на црниот дроб, бидејќи несоницата често се поврзува со проблеми со црниот дроб. Пијалоците од брокула, карфиол и сличен зеленчук ќе ви помогне во чистење на црниот дроб.
-
Летаргија
Ако сте уморни и мрзеливи, а чувството на летаргија ве следи во текот на денот, исто така треба да размислите за детоксикација. Ако се обидете недостатокот на енергија да го надополните со стимуланси, како што се кофеинот и тауринот, само ќе го влошите проблемот. По краткото чувство на поголема будност, ќе дојде до ненадеен пад на тоа чувство, а потоа ќе се чувствувате поуморни од порано.
-
Главоболки
Хроничните главоболки што секогаш се враќаат може да алармираат на прекумерна количина на токсини во телото. Задржувањето на токсините е една од најголемите причини за главоболка и мигрена. Треба да се знае дека во текот на процесот на детоксикација може да се влошат главоболките, но откако детоксикацијата ќе заврши, треба целосно да исчезнат или барем значително да се намалат.
-
Проблеми со кожата
При отстранувањето на токсините од телото помага и најголемиот орган во нашето тело, кожата. Ако главните органи за отстранување на отровите не работат како што треба, тогаш на помош доаѓа кожата. Дека телото се обидува да се исчисти од токсините може да се прпознае и по необичните состојби на кожата, како што се осип и мозолчиња или акни. Многу проблеми со кожата укажуваат на тоа дека на телото му треба чистење.
-
Жолт или бел јазик
Јазикот е важен индикатор за откривање на токсините во телото. Храната што содржи токсини може да ја наруши деликатната слуз на дигестивниот систем вклучувајќи го и јазикот. Ако на површината на јазикот е видлив бел или жолт слој, речиси е сигурно дека дигестивниот систем се бори против токсините.
-
Масно ткиво во пределот на стомакот
Отровите, кои ги консумираме преку храна и пијалок, и токсините што го дишеме може да предизвикаат насобирање на телесните масти на стомакот. Ова се случува затоа што многу отрови, што остануваат во телото се во абдоменот и остануваат таму. Тие може да се отстранат само со детоксикација.
-
Чувство на топлина
Еден од природните начини на кој телото го отстранува хемискиот отпад е потењето. Кога во телото има премногу токсини, тоа ќе се „прегрее“ во обид да ги исфрли преку потта, па поради тоа постојано се чувствувате дека ви е топло дури и кога е ладно надвор.