Самите можете да го направите серумот за кој модната блогерка Фара Дукаи тврди дека за само една недела вашата коса ќе порасне од 2 до 4 сантиметри, во зависност од квалитетот и типот на вашите влакна.
Дали имате проблем со растот на косата? Ако тешко се гледа напредок или постојано ви пука, не грижете се, пристигнува решение.
Самите можете да го направите овој чудотворен серум за кој модната блогерка Фара Дукаи тврди дека за само една недела вашата коса ќе порасне од 2 до 4 сантиметри, во зависност од квалитетот и типот на вашите влакна.
Атрактивната црнка го испробала ова, а рецептот од само две состојки го сподели и со нас.
Сè што ви е потребно е: масло од тиква и есенцијално масло од нане.
Подготовка: Подгответе го маслото така што маслото од тиква ќе биде основа во која ќе додадете само неколку капки масло од нане. Загрејте ја оваа мешавинана пареа, а потоа така стоплена втријте ја кожата на главата, нежно масирајќи.
После тоа употребете масажер за глава и користете го од 5 до 7 минути. Тоа е магичниот трик, бидејќи ја забрзува циркулацијата. Кога ќе завршите, измијте ја косата веднаш или по преспиената ноќ – изборот е ваш.
Потребно е ова масло да го користите секој ден во период од 7 дена. Маслото од тиква содржи масна киселина, витамин Б и есенцијални хранливи материи потребни за раст на косата, додека маслото од мента ги стимулира и подмладува фоликулите кои се заслужни за растот на здравите влакна.