Седумгодишно момче нацртало каде го боли и откри дека има тумор

Screenshot_4-2-640x418

Емре Ерулкероглу има само 7 години, а понекогаш и кажувал на мајка му дека има главоболки. Неговата мајка со месеци се обидувала да дознае што го мачи малиот Емре, а потоа конечно – дури откако го видела цртежот на својот син сфатила дека можеби има тумор.

И дури тогаш лекарите одлучиле да направат детална анализа за конечно да утврдат за што станува збор.

Како што пишува британскиот “The Sun”, здравствените проблеми на Емре започнале на крајот од 2015 година кога едно утро се пробудил со главоболка која му создавала нагон за повраќање.

Emre-Erulkeroglu-1

Го однеле на лекар, а тој им рекол дека момчето има мигрена и дека не е ништо сериозно.

По кратко време состојбата се влошила, момчето имало главоболки кои треле по неколку недели. Родителите инсистирале да се направи детална анализа и на нивно наговарање лекарите одлучиле да ги испратат на магнетна резонанца.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.