Сега ќе се степаат кој да пyка со зоља: Руска компанија ќе исплаќа по цело богатство на вojниците кои ќе yништат тенк од НАТО

Руската компанија Форес соопшти дека ќе плати 72.000 долари во готовина на војниците кои први ќе уништат или запленат тенкови од западно производство во Украина, како и 7.200 долари за секој следен таков обид. Кремљ претходно вети дека руските сили ќе ги уништат сите западни тенкови кои и се испорачуваат на Украина, пишува Политика.

Во исто време компанијата од Урал, која се занимава со енергетската индустрија, најави и дека ќе плати награда од 215.000 долари за секој уништен борбен авион од западно производство, доколку некогаш биде испорачан во Киев.

САД, Германија и неколку други европски земји се подготвуваат да испратат десетици модерни борбени тенкови во Киев во следните неколку месеци за да помогнат во зајакнувањето на воениот капацитет на Украина.

Портпаролот на Кремљ ја критикуваше оваа одлука како опасна ескалација и рече дека тенковите ќе „горат“ на фронтот.

Во меѓувреме вооружените сили на Украина почнаа да го гранатираат регионот Белгород во Русија, а во артилерискиот напад има и повредени, соопшти гувернерот Вичасалв Гладков. Тој на Телеграм изјави дека артилеријата го гранатира селото Безљудовка, градскиот округ Шебекински, кое се наоѓа преку границата северно од украинската област Харков.

Според првите прелиминарни податоци, во артилерискиот напад се повредени две лица, пренесува Гардијан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.