Македонската фудбалска репрезентација е во исчекување на мечот со Ерменија во Лигата на нации, а Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изработи мотивациско видео, непосредно пред првиот од двата клучни натпревари во новоформираното натпреварување на УЕФА.
Под мотото „Сега е наше време“, поставени се инсерти од натпреварите со Албанија, Италија и Шпанија како и од натпреварите на младинската У21 репрезентација на Европското првенство (ЕП) во Полска.
Погледнете го видео-материјалот кој трае нешто околу две и пол минути: