Северна Кореја е подготвена да го потопи американскиот носач на авиони

Северна Кореја соопшти денеска дека е подготвена да го потопи американскиот носач на авиони, со цел да ја демонстрира својата воена моќ.

seu

-Нашите револуционерни сили се подготвени за борба и за потопување на американскиот носач на авиони со само еден напад, објави државниот весник „Родонг Синмун“.

Весникот го спореди носачот на авиони со „грубо животно“ и наведе дека нападот врз него ќе биде „вистински пример за демонстрација на силата на севернокорејската војска“.

Во Северна Кореја в вторник се одбележува 85-годишнината од основањето на Корејската народна армија, а оваа земја сите важни годишнини го одбележува со програма за вооружување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.