Две години СДСМ со помош на соросоидните организации и нивниот нов коалиционен партнер Лиле Поповска протестираа со барање да се затвори единствениот капацитет во тетовско во кој работат преку 700 работници, а од кој се прехрануваат и живеат речиси 1.000 семејства.
На чело со соросоидната „Еко Герила“, со помош на Лилјана Поповска од ДОМ и соросоидните медиуми, сите заедно неодамна успеаа да го затворат „Југохром“ под изговор дека токму комбинатот е причина за загадувањето на Тетово.
Речиси две недели по гасењето на печките, воздухот во Тетово е сеуште загаден, а градоначалничката на градот Теута Арифи која ги поддржуваше овие протести со цел да ја избегне нејзината одговорност поради катастрофалното ниво на хигиена, сеуште никој од овие загрижени „еколози“ финансирани од Сорос и „УСАИД“ не побараа одговори зошто воздухот во Тетотво сеуште е загаден и покрај тоа што „Југохром“ е затворен.
Речиси 1.000 семејства останаа на улица, благодарение на соросоидната кампања поддржана од СДСМ за затварање на комбинатот, со што слободно можеме да констатираме дека по криминалната приватизација спроведена од СДСМ, затворањето на оваа фабрика слободно може да се стави на контото на истите оние кои отпуштија 300.000 работници. Ова се плус 1.000.
Сеуште ги нема медиумите спонзорирани од истите извори да излезат на терен, и онака како што известуваа и ја креваа тензија пред затварање на комбинатот, да ги прашаат сега отпуштените работници дали полесно дишат? Како се чувствуваат? Дали се задоволни од затварањето на фабриката и дали ќе им се заблагодарат на СДСМ и Соросоидите?
Минатата недела македонската јавност можеше да посведочи како изгледаше Македонија во времето на криминалната приватизација. Протестите на работниците од „Југохром“ и затворањето на автопатот Тетово-Скопје не потсетија на морбидните слики од времето на криминалната приватизација спроведена од СДСМ кога 300.000 работници беа излезени на улиците, барајќи правда и парче леб кое олигарсите на СДСМ им го зема.
Тоа е разликата, додека ВМРО-ДПМНЕ е во постојана потрага по инвеститори и можности за отварање на нови работни места, СДСМ и соросоидите константно работат на затварање и отпуштање.
Извор: Инфомакс