СДСМ Прилеп тргнува на терен – со нив ќе биде и Наумче Мојсоски

СДСМ Прилеп излегува на терен, ги започнавме маалските средби во рамки на кампањата „Рамо до рамо до победа“, во УЗ Центар и УЗ Тризла – информираат од општинската организација на владеачката партија.

Ве покануваме на заеднички маалски средби на кои ќе присуствуваат Министерката за животна средина Каја Шукова, Наумче Мојсоски член на ЦО на СДСМ, претседателот на ОО СДСМ Прилеп Зоран Пачешкоски, секретарот на ОО СДСМ Мики Крстев и пратеникот Миле Талевски.

Достапни да ги слушнеме вашите сугестии, критики, предлози,решенија… Да дадеме отчет за сработеното во изминатата година, но и кажеме што следува во наредниот период. Во среда 12.04, 18 часот Центар – споменикот на Карпалак 19:30 часот Тризла – Дом Тризла – се вели во соопштението.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.