“СДСМ Прилеп наместо меѓу народот, се затвори ли во 4 ѕида?” (ФОТО)

Денеска во Прилеп се одржа работен состанок на ОО СДСМ Прилеп кој го предводеше Генералниот секретар на партијата, а присутни беа пратениците, градоначалникот и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

“Градиме нов концепт на делување. Партијата се менува во интерес на граѓаните. За нас зборот важи”, напишаа од ОО СДСМ Прилеп на нивната Фејсбук страна.

Пред извесно време пак новиот Генерален секретар, Љупчо Николовски, најави дека работењето на партијата во летниот период ќе се одвива преку директни средби со граѓаните.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.