СДСМ нема да оделе по домови? А, баш сите ги очекуваа…

Од синоќа започна изборниот караван кој ќе биде без масовни собири и митинзи.

„За запознавање со понудата коалицијата „Можеме“ на распологање ќе ги стави сите онлајн и дигитални алатки на располагање, како и засилено присуство на традиционалните медиуми.За подобра двонасочна комуникација со граѓаните, ќе се органзиираат средби со целни групи, како и мали трибини во контролирани услови и со точно утврден број на присутни, со целосно почитување на мерките и задолженијата од надлежните институции“, се вели во соопштението.

СДСМ се грижеле за здравјето на луѓето и тоа е причината зошто немало да ги посетуваат во нивните дворови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.