“СДСМ напарви да живеете како “цареви” и ви ги враќа парите назад?” (Видео)

Денешна прес конференција на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов

„Денеска од мојот роден град Струмица сакам да испратам неколку важни пораки до граѓаните.

Многу е важно граѓаните да излезат на изборите на 15 јули кои ќе бидат 100% здравствено безбедни и да го дадат својот глас кој ќе биде пресуден по кој пат пат нашата земја ќе продолжи да оди.

По правиот пат на сигурноста и безбедноста што го трасира СДСМ или по патот на неизвесноста, режимот, поделбите и стравот што ги остави зад себе ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е одговорна власт која изминативе две и пол години преку издржани економски политики насочи милиони евра пари назад кај граѓаните. Преку сет на мерки, како што со МОЈ ДДВ, зелената нафта, субвенциите, евтината тарифа на струја, повисоката социјална помош за 300%, зголемувањето на минималната и просечната плата и многу други мерки граѓаните за овие две години имаа повисоки семејни буџети и можеа да генерираат заштеди. Само преку МОЈ ДДВ за 9 месеци се вратени 10.7 милиони евра кај граѓаните. Го дигнавме животниот стандард и граѓаните тоа директно го почувствуваа.

За разлика од овој одговорен пристап на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ преку своето 11 годишно криминално владеење само грабаше пари од граѓаните по разни основи и истите преку своите криминални шеми ги изнесуваше надвор од државата. Според последните пишувања во медиумите, Груевски успеал да украде над 10 милијарди евра пари на граѓаните и истите да ги изнесе од државата”, вели Костадинов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.