СДСМ и Беса главни играчи за кражба на изборната волја на Македонците

После вчерашните банални приговори на гласањето на предвремените парламентарни избори кои и од домашната и од меѓународната јавност беа прогласени за најмирни и најдемократски досега,  нема некој на кому не му е јасно дека во тек е последниот обид за крадење на волјата на мнозинството граѓани преку изборен инженеринг.

 

glasanje11-640x336

Сценаристот не успеа да ја победи волјата на мнозинството Македонци, на терен, во фер битка, па сега подмолно преку сопствените инсталации се обидува да ја украде победата под маса и да им докаже на Македонците дека не е важно како тие гласаат во сопствената држава, бидејќи одлуките ги носи само тој.

Нема човек во Република Македонија кому не му е јасно дека немаше ниту еден посериозен инцидент и дека изборниот ден помина во најдобар ред. Нема некој кому не му е јасно дека ВМРО ДПМНЕ 10-ти пат по ред победи на изборите. Нема некому кому не му е јасно дека оваа изборна победа на македонскиот народ не беше само против СДСМ, туку и против многу помоќен противник. Тоа не можеше да го сокрие ниту претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски кој го прекрши и законот само за да обезбеди време за сценаристот да ги таргетира местата кои под маса би му овозможиле да ја украде волјата на мнозинството Македонци. По завршување на рокот, Чичаковски сепак излезе на прес-конференција и на јавноста и соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ освоиле 51 мандат, СДСМ 49, ДУИ 10, ДПА 2, БЕСА 5 мандати и Алијанса за Албанците 3.

Затоа СДСМ и Беса добија продолжен рок и таргетираа места каде што со помош на албански гласови би се заобиколила одлуката на Македонците за тоа, кој треба да ја води државата во наредните четири години.

Сценаристот не би бил на врв на задачата доколку, освен таргетираните места каде што Албанците би можеле да му завршат работа на Зоран Заев, не вметне и по некое друго кое нема никакво влијание во финалниот количник, освен што треба да се брои како одбиено.

Зоран Заев и сценаристот ризикуваат хаос и излевање на гневот на мнозинството Македонци.

Идејата на целата замисла е со масовно прегласување во места каде мнозинството гласачи се Албанци СДСМ да се доближи со мандатите до ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин да се заобиколи волјата на Македонците и да се избришат 17.000 гласови повеќе кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ.

Благодарение на гласовите во Арачиново, Студеничани, Сарај, Брест и други средини каде има чисто етничко албанско население СДСМ веќе успеа да надополни околу 70.000 гласови на Македонците….

Дека се подготвува кражба на гласови потврдуваат и информациите кои вчера ги објавивме дека поднесените приговори на СДСМ до Државната изборна комисија се однесуваат на избирачки места во Тетово и Теарце каде пак во записниците од страна на Избирачките одбори нема никакви забелешки. По овие банални приговори нема дилема дека единствената цел на Заев и СДСМ е оспорување на волјата на мнозинството на македонскиот народ и победата која на фер и демократски избори ја доби ВМРО- ДПМНЕ.

Повеќе од јасно е дека на ваков начин СДСМ се обидува да ја пролонгира кризата и да ја жртвува иднината на Република Македонија само за да го заштити Зоран Заев во обид да ја заштити сопствената фотелја.

Професорот Александар Даштевски вели дека во законот има правила и за воопшто да се поднесе приговот, треба во денот на изборниот ден на имало приговори.

-Така беше порано, јас се сеќавам. При гласањето, партиите ги учеа своите набљудувачи и претставниците во избирачките одбори: поднесете за секој случај забелешка, за да имаме основа за приговор. Во овие места, каде што тие тврдат дека имало некои работи, коишто сакаат да ги поништат само поради резултатот, не поради друго, се кристално чисти. Нема никаква забелешка, гласањето си течело најнормално, вели Даштевски.

Според Даштевски, симптоматично е што дури на третиот ден решиле да излезат и да речат дека изборите не се чисти, откако два дена се зборуваше дека се чисти.

-Значи, прво, нема основ за поднесување на приговори, а друго, иако се седум членови блиски до СДСМ во ДИК, не можат тие да гласаат против законот. Мора приговорот да содржи некои основни аргументи кои ќе докажат дека навистина имало неправилности. Таму немало, додава Даштевски.

Извор: КУРИР




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.