СДСМ има аспирација да прерасне во најголема албанска партија

Зоран Заев влегува во дворот на албанските партии, а СДСМ има аспирација да прерасне во најголема албанска партија.

440155-zaev-ja-realizira-dvojazichnosta-albanskiot-i-oficijalno-vo-sdsm

На евентуални нови предвремени избори, СДСМ ќе добие уште поголем контингент на албански гласови, смета лидерот на албанската дијаспора Муса Љамалари.

-Јас се чудам кога велат дека СДСМ е македонска политичка партија. Тоа е како да кажам, беше од порано од Сојузот на комунистите на Југославија, па го направија СДСМ и тогаш имаше албанци во таа партија, тоа е идеолошка партија, вели Љамалари, во вчерашната емисија „во Центар“ на Васко Ефтов.

Со тоа, дефакто се остваруваат прогнозите дека Заев и СДСМ ќе ги засенат останатите партии на Албанците и ќе прераснат во главен застапник на интересите на Албанците во Македонија.

– Кога Зоран Заев кажуваше дека ќе биде најсилна Албанска партија во Република Македонија, се потсмевавме со тие негови изјави. Кога Чаушот му ветуваше на Зоран Заев дека ќе му донесе 10.000 албански гласови исто така се потсмевавме со тие негови изјави, меѓутоа на крај се покажа дека тоа е проект  на кој е работено долго време, најмалку две години. Дури на двапати или во два наврати ЦИА побара да бидат пролонгирани изборите, бидејќи небеше доволно подготвена. Иако не беа изборите на 11 Декември со еден  таков тренд и со еден таков политички налет финансиран и помогнат од ЦИА пред да биде случена промената  во Белата куќа, тогаш јас претпоставувам почитувани гледачи дека резултатот ќе беше сосема поинаков и во корист на македонската опозиција, анализира Ефтов.

На денешната прес-конференција Зоран Заев одговараше и на прашања на албански јазик.

Но тоа не е изненадување, ако се земе предвид дека лидерот на СДСМ веќе неколку пати ја промовираше двојазичноста во пракса.

Беа поставувани двојазични табли и испраќани партиски соопштенија на албански јазик.

sdsm-tabla-cair

sds2-640x767

Впрочем, Заев и во предизборниот период најави дека очекува да добие повеќе гласови од која било друга партија на Албанците.

-Сметам на албанските гласови за СДСМ, за коалицијата предводена од СДСМ, без разлика дали ние ќе имаме коалиција со албански партии или не. Јас сметам на албански гласови во овој процес на избори пред кој што сме исправени и очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па после некој друга политичка партија од албанскиот блок и имаме сите причини на светот тоа така да се случи, рече Заев во интервју за ТВ Нова.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.