Додека граѓаните исплашени и вознемирени ги напуштаат своите домови поради силните земјотреси кои денеска го тресат Скопје, СДСМ во свој стил се потсмева со целата ситуација.
Раководството на партијата и нејзините медиумски мегафони продолжуваат да се подбиваат со стравот на граѓаните од земјотрес. Сеќавањата на катастрофата од 1963-та година се се’ уште свежи за скопјани и Македонија и секој непријатен потрес на скопското тло сите ги соочува со стравот од разорната моќ на природата и огромните загуби кои може да ги предизвика.
За разлика од вознемирените граѓани, функционери на СДСМ и нивните медиумски мегафони се потсмеваа и тераа шега со чувствата на граѓаните, исмевајќи им го стравот и обидувајќи се, како и при секоја природна непогода, да ја исполитизираат и злоупотребат во своја корист.