Во вечерашното отворено студио на 24 телевизија техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев изјави дека kpивичната пријава против градоначалникот Максим Димитриевски е политички конструирана.
-Од страна на Комисијата за заразни болecти беше доставено известување до директорот на Бирото за јавна безбедност, значи не беше доставено до мене, и истото од Бирото за јавна безбедност беше процесуирано до министерството за внатрешни работи на Куманово. По правило можат да поднесат и до мене но, и до Бирото. Но, овој пат ме скокнаа, бидејќи логично би било да поднесат и до двете. Но, така решил Здравствениот инспекторат. Тоа беше спроведено до ЈО кое што ја прифати пријавата и во текот на денешниот ден беше поднесена kpивична пријава до градоначалникот на Куманово за ширење на зapaза, изјави Чулев.