СВР Битола: Фативме две лица кои вршат нелегална размена на валути и 6 диви таксисти

Денеска (08.08.) криминалистичката полиција на СВР Битола во рамките на ОА “Безбедно Лето 2023“ во Битола, лишила од слобода две лица кои се затекнати во вршење на “Недозволена трговија, предвидено според чл.277 од КЗ, односно купопродажба на странски парични средства, без овластување издадено од Народна Банка на РСМ, како и спротивно на одредбите од чл.55 од Законот за девизно работење, односно “Неовластено продавање или купување готовински странски платежни средства и чекови“.

Исто така, денеска, криминалистичката полиција на СВР Битола изврши контрола на патнички моторни возила кои вршат превоз на патници без поседување на лиценца на подрачјето на град Битола, при што беше извршена контрола на повеќе локации во Битола и притоа беа затекнати 6 патнички моторни возила кои вршат превоз на патници, а притоа истите не поседуваа лиценца за вршење на внатрешен јавен сообраќај.

По документирање на настаните против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од Секторот за внатрешни работи Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.