СВР Битола со апел да не се палат стрништа, до овој момент поднесени се 8 кривични пријави за намерно предизвикување пожар
Во последните месеци на подрачјето на СВР Битола настанаа неколку пожари на отворен простор како последица од намерно запалени стрништа.
СВР Битола апелира до граѓаните на подрачјето на СВР Битола
– да не се пали оган на отворен простор;
– да не се палат стрништа, земјоделски и други површини;
– да не се пали отпад и друг запалив материјал;
– да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.
Доколку забележат пожар на отворен простор граѓаните да го пријават во надлежните институции. Потсетуваме и дека непочитувањето на законите ќе биде санкционирано и соодветно ќе бидат казнети сите кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните.
Полициските службеници од криминалистичката полиција во Битола до Основното јавно обвинителство Битола имаат поднесено пет кривични пријави за “предизвикување општа опасност“ по чл. 288 од Кривичен законик, за палење стрништа и тоа против Б.Н.(61) од с.Кукуречани, битолско, Н.М.(75)од с.Кажани, битолско ,В.В.(54) од с.Лопатица, битолско Д.С.(62) од с.Лознани,битолско и против Х.П.(58) од с.Трново, битолско.
ОВР Крушево има поднесено две кривични пријави против П.З.(70) од с.Свето Митрани, крушевско и Е.Б.(45) од с.Борино,крушевско, а ОВР Прилеп има поднесено кривична пријава против В.Д.(58) од Прилеп – информираат од СВР Битола.