СВР Битола: Во 2023 година намален бројот на тешки кражби и запленета поголема количина на дрога – лишивме од слобода 180 лица

За првите 10 месеци од оваа година, во делот на недозволената трговија со дрога на подрачјето на Битола, криминалистичката полиција на СВР Битола лишила од слобода 180 лица, извршила 52 претреси во куќи и станови при што пронајдени и одземени биле марихуана, хероин, кокаин, хашиш, семки од канабис сатива, амфетамин, мешавина на тутун и марихуана, метамфетамин, како и најразлични таблети, одреден е притвор за 11 лица – стои во соопштението од Секторот за внатрешни работи Битола.

Криминалистичката полиција на Битола има поднесено 47 кривични пријави за сторени 60 кривични дела против 62 сторители.

Поднесени се две кривични пријави по чл.95-в од Закон за опојни дроги против 4 сторители. Поднесени се 59 барања за поведување на прекршочна постапка по чл.20 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, против 66 сторители.

Во делот на тешките кражби на подрачјето на Битола во евиденциите на криминалистичката полиција се забележува рапидно намалување на бројот на извршени тешки кражби, кој за овие 10 месеци изнесува 198 за разлика од истиот период од минатата 2022 година каде бројката изнесувала 648.

Криминалистичката полиција на СВР Битола и натаму продолжува да презема мерки и активности во борбата со недозволената трговија и намалување, како и успешно санкционирање на тешките кражби – се вели во соопштението.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.