Светци ќе газел, ама Грциja не ја лутел никако, така му рекле од “горе”?

Сонцето од Кутлеш, симболот на македонската држава, беше подолно отстрането за време на полициски час и од плоштадот во Крива Паланка.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски за Алфа изјави дека симболот ќе бил заменет со општинскиот грб – светецот Јоаким Осоговски.

Тој додаде дека не доликувало да се гази по државните симболи, па и по сонцето од Кутлеш. Но, доликува ли да се гази на светец?

Смешен изговор, нели?

За начинот на отстранување на симболот жестоко реагираше екс градоначалникот на К.Паланка Арсенчо Арсовски.
“Кога го градевме плоштадот “Карпошово востание” го градевме и се гордеевме со тоа. Се гордеевме како паланчани не како членови на политички партии. Сега на нaјподмолен начин во време на полициски час го откорнувaш сонцето на вергина од градскиот плоштад и тоа онака, подaнички и прeдавнички баш како што ти личи. Си го покажувате правото лице„ ) – напиша на Фејсбук Арсовски.

Истовремено, Владата од општините бара “да ја исконтролираат состојбата” со сонцето од Кутлеш веднаш?! Електорнска пошта на Владата што веќе се споделува на социјалните мрежи потврдува дека – брусењето на сонцето од Кутлеш е по налог директно од Генералниот секретаријат на Владата, пренесува Алфа.

Фотографијата погоре е од Овалната соба, канцеларијата на американските претседатели, а на подот се наоѓаат државните симболи на Америка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.