На почетокот од есента, еден од нашите најпочитувани инструменталисти Јане Рафаиловски на публиката и подари комплетно спакувано музичко и визуелно дело.
„Превез од сништа“ е насловен новиот проект на Рафаиловски, проект кој повторно и според квалитетот и според тимот, ги поместува границите на невозможното на македонската музичка сцена.
За него велат дека е виртиоз на инструментот и „вајар“ на тонот со висока суптилност, а за тоа говори и ова последно авторско дело, кое во музичките кулоари, веднаш после вчерашната промоција се доживува како уште еден негов проект во кој успева музиката да ја претвори во слика и во боја. Спотот е само целосно надополнување на сказалката во приказната.
Музиката е на Јане Рафаиловски, аранжманот за „Превез од сништа“ го направи Дамир Имери, спотот е дело на Огнен Шапковски и неговиот тим.