Американците овој викенд го следеа финалниот натпревар на Националната фудбалска лига, најголемата професионална лига на светот, познат како Супербоул.
Додека некои со нетрпение го славеа спектаклот, раперот Пост Малоун реши да ја пренесе славеничката атмосфера на сосема ново ниво во еден клуб во Мајами.
Тој настапи во клубот 11Мајами, кој е отворен 24 часа дневно. Поради силниот дожд , тој малку задоцнил, па им се извини на присутните и им се заблагодари што дојдоа на неговата забава и покрај дождот и лошите песни, како што ги нарече. Раперот не дојде на шоуто со празни раце, туку со кутии полни со банкноти во износ од 50 000 долари. Тој почна да фрла и да им дава пари на сите присутни во клубот, тврдејќи дека тоа е негов обичај за време на настапот, пренесува „Унилад“.
Раперот ја искористи можноста да му изрази сочувство на семејството на неодамна загинатиот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џана. Снимката од фрлањето пари на Малоун беше објавена на профилот на Инстаграм на клубот 11Miami.