Џудо експертот Габриел Сапта
После ЏК “Сеишин”, Сапта го посети и ЏК “Бушидо”, каде ја скенираше состојбата на клубот, пренесе дел од своето богато џудо искуство, на задоволство на младите џудисти на клубот и тренерот.
Од редовниот тренинг со кој раководеше тренерот Рубин Пеески и носител на црн појас 1 дан, Габриел Сапта беше задоволен од начинот на презентација и работа, а членовите на клубот пак се стекнаа со нови искуства.
Македонскиот олимписки комитет го ангажираше Сапта со цел обука на судии и тренери, соработка помеѓу клубовите, како би се подигнал квалитетот на натпреварувачите и тренерите.