13-годишниот Виктор Димовски, родум од Велес, а сега живее во Keлн, Германија. Пред само две години започнал да тренира кик бокс, а неодамна стана четирикратен светски првак на Светското првенство кое се одржа во Дизелдорф.
Витктор ги освои сите четири први места во категориите во кои настапуваше и не направи сите горди. Своите победи ги слави со државното знаме на Македонија, како и со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш. Иако државата нема ништо направено за него, тој настапува исклучиво под црвено-жолтите македонски бои.
Иако се бори во Германија, сите негови спортски успеси ги припишува на Република Македонија. Младото момче со своите успеси го привлече вниманието на речиси сите медиуми во државава, а во пресрет на новогодишните празници, Виктор е во посета на Македонија.
Вчера, на наше огромно задоволство, Виктор беше и во Прилеп, каде ги презентираше спортските одликувања кои ги доби годинава.
Во Гермнија стигнал преку неговиот татко кој патот да обезбеди подобра иднина за своето семејство го пронашол во оваа земја, а со него го зел и семејството. Првиот спорт на Виктор е каратето (шото кан техника), која ја тренирал 6 години, а со доаѓањето во Германија се вљубил во кик боксот.
На Светското првенство во Дизелдорф стигна до шампионските трофеи во категориите лаиш контакт и семи контакт до 47 и на сопствен ризик до 53 килограми. Виктор учествува во федерациите WKU WFMC MAA и плус тренира МАУ-ТАИ ММА и UFC.
Вкупно во рок од неполна една година имам освоено: еден појас, осум пехари, осум медали и 17 сертификати, и секако четирите успеси во четири различни категории на Светското првенство во Дизелдорф.