Светскиот рекордер во освоени титули бара клуб преку оглас: Дани Алвес не размислува за крај на кариерата

Kaпитенот на Бразил, Дани Алвес, и покрај тоа што веќе наполни 36 години, не се откажува од својата фудбалска кариера.

Алвес неодамна покажа дека е во топ форма на Копа Америка, каде неговата репрезентација ја освои титулата, а токму тој беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Во својата блескава кариера Алвес има освоено 41 трофеј што е светски рекорд. Минатата сезона Бразилецот настапуваше во ПСЖ со кого му заврши договорот, па моментално е без клуб.

Оние кои го следат на социјалните мрежи знаат дека Алвес редовно објавува видеа и фотографии на кои танцува, пее и прави еден мал милион забавни нешта, а сега одново се пошегува.

„Барам работа. Каде да ја испратам мојата автобиографија“, напиша Алвес, кој во кариерата освен аз ПСЖ, има играно и за Бахија, Севилја, Барселона и Јувентус.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.