Светскиот гигант од Прилеп одбележува 30 години постоење

Најиновативната македонска компанија за роботика во светот го одбележува своето триесетгодишно постоење и во Skopje City Mall од 14-ти од 17-ми Мај.

Микросам во овие три децении се докажа како генијална и уникатна компанија за производство на автоматски и роботски машини за современи композити или т.н. материјали на иднината.

Пратејќи ги сите најнови технолошки решенија досега има успешно инсталирано над 280 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа.

Од мала, семејна компанија во Прилеп достигна до светски гигант со повеќе од 190 вработени, од кои повеќе од 60% се инженери.

На изложбата ќе можете да дознаете повеќе за нивното постоење и светски достигнувања, признанија и какви машини произведуваат македонските инженери. Делата на компанијата се светски признати од голем број на компании во автомобилската, енергетската, авионската, вселенската и воената индустрија, како НАСА, Магна за Ауди возила, Џенерал Атомикс, Спирит Аеросистемс, ГКН Фокер и многу други.

Ќе се информирате и за работните позиции и условите кои ги нуди компанијата за вработување и пракса. Микросам силно верува дека нашите инженери имаат висок потенцијал и капацитет да ги исполнат и најкомплексните проекти и решенија во високата технологија.

Изложбата ќе се одржи на приземјето, согласно со работното време на Skopje City Mall и следејќи ги протоколите за заштита од коронавирусот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.