Светот на готовс: Русите влегуваат со најновата воена опрема – забележани се тенкови Т-90 „Армата“

Првиот руски Т-90 „Армата“ попладнево е фотографиран во Украина. Фотографиран е во правец од Армјанск кон Херсонската област.

Нема податоци за големината на оваа тактичка група.

Очигледно дека Русите испраќаат дополнителни трупи во Украина, и тоа најверојатно од сите правци.

Т-90 е трета генерација на главен Руски тенк. За прв пат е влезен во редовите на руската армија во 1992 година. Овој тенк има 125мм 2А46 мазна цевка, 1А45Т систем за контрола на стрелање, ревидиран мотор, термален нишан, „Контакт 5“ реактивен-експлозивен оклоп, како и „Штора“ инфрацрвен АТГМ систем за блокада на електронски комуникации.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.