Tрадиционалната церемонија на „Светиот оган“ која секоја година пред православен Велигден се одржува на Светиот гроб во Ерусалим, оваа година се одржа без присуство на верници
Светиот оган и оваа година на Велика сабота се запали во црквата на Воскреснувањето на Исус Христос или Гробот на Господинот.
Појавата на благодетниот оган според верниците претставува видлива појава на Светиот Дух и потврда за воскреснуавњето на Исус Христос.
Поради пандемијата со коронавирусот оваа година немаше присуство на верници.
Целата церемонија можете да ја погледнете во продолжение: