„Сведоштва за еден голем Македонец“ е насловот на документарниот филм за животот и делото на големиот хуманист и активист, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски и за неговото семејство, кој со децении живее и работи во САД. На оригинален начин е опишан животниот пат од родното село Подмол до Мајами со цел домашната, но и меѓународната јавност, а особено новите генерации Македонци да ги дознаат заложбите на Атанасоски кој речиси целиот својот живот го посветил на љубовта кон Татковината и македонскиот народ.
Идните проекти на Фондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“ се поврзани со зачувување на уставното име, културно-историското наследство и негување и грижа за македонските корени и идентитетот.
Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ