Сајкоски го бараше Сугарески на патот Прилеп-Градско – пустелија оставена од СДСМ? (Видео)

Се наоѓаме на трасата на она што требаше да биде брз експресен патен правец Градско – Прилеп. Но, од тоа што го гледаме тука нема никакви градежни активности односно власта, министрите и покрај тоа што многу пати најавуваа и сегашниот и поранешниот министер дека овој патен правец ќе биде завршен во 2020-тата година, но тука нема никакви градежни активности, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски.

-Лагите, корупцијата, криминалот и неработата е одлика на министрите во оваа Влада. Од терен можеме да видиме дека од брз патен правец, од експресен пат нема ништо тука. Тука е се оставено во заборав на времето. Апелираме до министерството, до властите, до Владата да не ги лаже, да не манипулира со граѓаните. Бидејќи како за криминал, како за корупција така и за несработена работа се одговара, вели Сајкоски.

Тој додава дека потрошени се огромни средства, пари, но за жал денеска не може да видиме дека тука постои експресен пат.

-Оштетени се граѓаните од овој регион. Наместо да има брз проток на стоки и услуги, денес имаме руиниран пат за кој што се потрошени средства, а ништо не е сработено. Драги господо од власта освестете се и мора некој да одговара за ова што ништо немате сработено, вели Сајкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.