Српскиот пејач Саша Ковачевиќ со мала екипа тргнал кон Доминиканската Република за да сними неколку видеоспотови за новите песни. Но, на аеродромот во Њујорк бил пpивeдeн од страна на аеродромската полициja.
-Го тргнаа од редовниот лет, го одведоа во посебна просторија и таму го држеа неколку часа. Бесен беше, раскажува пријател за „Свет“.
На крај, се покажало дека бил приведен поради грешка, но и поради заострените мерки на аеродромите низ САД. Но, ова го чинело Ковачевиќ доста, бидејќи го пропуштил редовниот и морал да купи нови карти за следниот лет.
-Одвои повеќе од 30 илјади евра за ова патување на кое планира да работи и да снима и воопшто не му се фрлаа пари на вакви глупости, додал изворот за српскиот магазин.