Санчез и порача на управата на Арсенал: Сакам да одам и сакам во Јувентус!

Во Торино не се откажуваат…

14678938742197

Менаџерот на Алексис Санчез, Фернандо Феличевич на управата на Арсенал и упати јасна порака: Алексис сака да си оди од Лондон и сака да премине во Јувентус! За тоа пристигнаа аплаузи од Торино. Сите сакаат играчи на кои победите им се побитни од парите, а така беше сфатен и гестот на чилеанскиот ас. Меѓутоа, желбата на Санчез не е доволна.

Иако Јувентус е спремен да преговара, извори од Италија тврдат дека од клубот нудат 30 милиони евра плус 5 милиони за бонуси, но Арсенал одбива да седне на маса. Освен што Арсенал бара минимум 40 милиони евра, поголем проблем е што Арсен Венгер нема алтернативи во нападот.

По се изгледа ќе се чека “топџиите” да ангажираат некој од напаѓачите за кои се заинтересирани и тоа: Ромеу Лукаку, Александар Лаказет или Алваро Мората, па потоа да размислуваат за продажба на Алексис Санчез.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.