Само уште ова ни фалеше! Два астероиди големи како фудбалски терен се приближуваат кон Земјата

На долгиот список од моменталните нecpeќи кои го зафатија човештвото, НАСА додаде и два потенцијално опacни астероиди кои би можеле да ја погодат Земјата во мај.

Во претстојните неколку недели постои можност да имаме блиска средба со два астероиди од класата Аполо. Првиот кој се очекува е и потенцијално пooпaceн, а ќе се приближи веќе на почетокот од мај. Се проценува дека астероидот (PHA) 2009 XO е со големина на фудбалски терен и дека патува со брзина од 45.720 километри на час.

Неговата орбита се вкрстува со онаа на Земјата за време на вртењето околу Сонцето на секои 926 дена. Овој пат покрај нашата планета би требало да помине на оддалеченост од околу 3.3 милиони километри, што според НАСА се смета за биска средба, пренесува Б92.

Доколку го “преживееме” него, за само две недели покасно доаѓа астероидот 136795 (1997 БО) со големина на Бурџ Халифа, најголемата зграда во светот, наведува “Кликс”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.