Само напред момци, цела нација е со вас! Македонската репрезентација пристигна во Бугарија

Репрезентативците на Македонија со директен чартер лет од Скопје, попладнево слетаа во бугарскиот град Варна, и сега ги чека пат со автобус до Разград, каде што во четврток со почеток во 18 часот, ќе ги почнат натпреварите од Лигата на Нации против Бугарија.

За денеска фудбалерите веќе ги одработија обврските кога станува збор за тренинзите уште пред заминувањето за Варна, па така националите вечерва нема да тренираат. Ќе тренираат утре на стадионот „Хувефарма“ во Разград, каде ќе се игра натпреварот.

После Бугарија нашата селекција игра со Гибралтар, а ќе лета за Малага директно од Варна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.