Жителите на главниот град деновиве мака мачат со убодите од комарци и се справуваат како знаат и умеат со големата наезда која го зафати Скопје.
И додека скопјани се жалат од убоди кои предизвикуваат отоци по телото, градските власти велат дека прскаат, а социјалните мрежи се шегуваат.
Па така и овој урнебесен “изум” денеска целосно се рашири по Фејсбук.
Koлку и да е смешно, сепак ситуацијата во Скопје е алармантна. Комарците можат да бидат причина за пренесување на болести и зарази, а страдаат и мали деца!