Само за еден месец цената на лебот скокнала за 6,4%

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.3, а индексот на цените на мало изнесува 100.6.

Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 6.4 %, свежото и разладеното овошје за 3.8 %, млекото за 3.6 %, месото за 2.5 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1.8 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1.4%, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 1.3 %, пивото за 1.2 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.6 %, рибата и морските плодови, кафето, чајот, какаото за 0.3 %.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 27.6 %, централното греење за 14.2 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 12.4 %, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 6.4 %, другите печатени материјали за 5.8 %, рестораните, кафулињата и слично за 3.0 %, цврстите горива за домаќинствата за 2.8 %, патниот патнички транспорт за 2.6 %, производите за домаќинставата-нетрајни за 2.5 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2.2 %, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето за 1.8 %, поправката на аудио-визуелната, фотографската и информатичката опрема за 1.5 %, моторните возила за 1.4 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0.9 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, електричните апарати за лична хигиена, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.8 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.7 %, мебелот и покуќнината за 0.4 %, фармацевтските производи, градините, растенијата и цвеќињата, другите лични предмети за 0.3 %, облеката, поправките и изнајмувањето на обувките, поправката на апаратите за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци, другите медицински производи, другите услуги за опремата за сопствен превоз, услугите за култура, накитот, часовниците и рачните часовници, другите финансиски услуги неспоменати на друго место за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 4.1 %.

Во август, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 10.9 %, течните горива за домаќинствата за 10.3 %, воздухопловниот патнички транспорт за 5.3 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 3.1 %, туристичките аранжмани за 2.9 %, чевлите и другите обувки за 2.3 %, игрите, играчките и хобијата за 1.5 %, гасот за домаќинствата за 1.4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.1 %, велосипедите за 0.8 %, теписите и другите подни покривки за 0.6 %, книгите за 0.3 %, големите алатки и опремата, терапевтските помагала и опремата за 0.2 %. Индексот на трошоците на животот во август 2022 година, во однос на август 2021 година, бележи зголемување од 16.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 14.2 %.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.