За денот кој доаѓа само еднаш во четири години постојат многу верувања. Според некои, децата родени на 29 февруари се посреќни.
Во Ирска, Финска и во Шкотска, пак, жените само на овој ден имаат уникатна шанса – да им предложат брак на мажите.
Ова верување потекнува од една стара ирска легенда, според која света Бригида, ирска калуѓерка од петтиот век, го замолила свети Патрик, светецот-заштитник на Ирска, да им даде дозвола на жените да им предложуваат брак на мажите, по многубројните поплаки од немажените жени, чиишто додворувачи биле премногу срамежливи да ги запросат. Свети Патрик се согласил, но дозволил тоа да биде само на 29 февруари, односно еднаш на четири години.
Традицијата почна да се применува и низ повеќето делови од светот по филмот „Престапна година“ од 2010 година, романтична комедија за Американка што патува во Ирска за да го запроси своето момче.