Галатасарај и Фенербахче синоќа го одиграа најголемото турско дерби во рамките на третото коло од турското фудбалско првенство.
Натпреварот заврши без голови и многу жолти картони, а она што остави белег се случи во седмата минута, кога натпреварот беше прекинат поради запален факел кој заврши на тревникот.
За познавачите на менталитетот на турските навивачи тоа не би била никаква нова вест, особено за ваквите дерби натпревари кои се играат на “Турк Телеком” арената во Истанбул.
Но, со оглед дека натпреварот се играше без публика, навистина е мистерија како овој факел заврши на тревникот и го прекина натпреварот.
Fireworks thrown into the Galatasaray – Fenerbahçe derby – played behind closed doors. Only in Turkey. (via @mesutluk) pic.twitter.com/hy8I5YzFQW
— Çetin Cem Yılmaz (@cetincem) September 27, 2020