-На 23.08.2024 во 01.20 часот во Полициската станица Ресен бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(43) и М.П.(40), двајцата од Ресен од една страна и Ј.Р.(31) од Битола од друга страна, лица кои што дошле да пријават настан, а претходно имале расправија, по што скршено било и стакло од влезната врата на објектот.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.