Ги има околу 2000 во Македонија. Овие македонски фирми во 2020 година акумулирале вкупен приход од неверојатни 150 милиони евра.
Заедничко на сите нив им се неколку работи – сите тие имаат верувале или не „0” вработени, второ и без вработени дел од овие компании одлично заработуваат и трето изгледа имаат суперспособни газди. Според информациите на Pari.com.mk и БизнисМрежа.мк ги има од повеќе сектори-трговија со струја, информатички компании, нафтен бизнис, градежништво, трговија и услуги.
Заради создавањето поволни услови за отворање на бизниси (добра бизнис клима), Македонија овозможува отворање на фирми без да поседуваат деловен простор, односно без да имаат докази за користење на деловен простор под закуп и без да имаат вработени лица. Логиката е да им се овозможи да застанат на нозе, па потоа да започнат да вработуваат. Компаниите се основаат согласно со Законот за трговските друштва, а вработувањето се врши со почитување на одредбите на Законот за работните односи. Овие два закони имплицитно не наложуваат компаниите да имаат вработени лица, но… Посебни одделни прописи ја налагаат обврската за вработување. Овој момент подолу во текстот го објаснува Павле Гацов, експерт за даноци и еден од сопствениците на Агенцијата за економско-правна поддршка и процена, ПРО АГЕНС.
Целото истражување погледнете го ТУКА