САКАТЕ ДА СЛАБЕЕТЕ: Јадете карфиол

Ако се обидувате да се ослободите од вишокот килограми, време е да го наполните фрижидерот со карфиол.

karfiol-2

Овој нискокалоричен зеленчук не е богат со јаглехидрати, па затоа е идеална храна за сите оние кои сакаат да ја стеснат половината.

Карфиолот е преполн со влакна кои го подобруваат варењето, па затоа исчезнува и надуеноста, но воедно се подобрува и функцијата на дигестивниот тракт.

Освен тоа, карфиолот исто така е добар извор и на омега 3 масни киселини кои го подобруваат имунитетот и ја подобруваат резистенцијата на инсулин. Овие киселини исто така го подобруваат лачењето на лептин, хормон кој ја регулира телесната тежина и го забрзува метаболизмот.

Во овој период овој зеленчук сеуште е достапен, па лесната набавка воопшто не е проблем. Пронајдете здрави рецепти за карфиол и вметнете го во вашата исхрана. Карфиолот од туршијата исто така благотворно влијае на здравјето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.