Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг-просторот во летниот период, ЈП „Билјанини ивори“ започна со наплата на паркирањето според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.
Сезонската тарифа предвидува поскапо паркирање, а цената за паркирање на јавните паркиралишта во зона А ќе изнесува 40, во зона Б – 30 денари, додека паркингот во т.н. „премиум-зона“ во строгиот центар на градот чини сто денари за час.
“ЈП Билјанини Извори ги известува сите граѓани, институции, корисници на градскиот паркинг простор со кој ние стопанисуваме дека од денес 1 јуни започнуваме со наплата на јавниот паркинг согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг просторот во летниот период (1 јуни – 31 август). Според одлуката цените за паркирање на јавните паркиралишта за 3-те степени на ограничување (3 зони на паркирање) на подрачјето на Општина Охрид за еден час паркирање за време на горенаведениот период ќе изнесуваат:
1. Зона А – 40 денари 2. Зона Б – 30 денари, и 3. Зона премиум – 100 денари”, стои во известувањето од ЈП “Билјанини извори”.