Прилепчанецот Љупчо Костоски – Бубио кој долги години живее и работи во САД, уште еднаш со неговата фамилија ја покажа својата великодушност и желба да ги помогнат младите спортисти и спортските клубови во родниот град.
Овојпат Koстоски донираа квалитетна спортска опрема за потребите на Кик бокс клубот “Ронин” од Прилеп. Донацијата се состои од шорцеви и заштитна опрема, што одлично ќе им дојде на младите кик боксери во пресрет на подготовките за следните натпреварувачки предизвици.
Целта на семејството Костоски е што повеќе млади луѓе во Прилеп бидат мотивирани професионално да се занимаваат со спорт, и да се изградат идни шампиони на Македонија.
Инаку ова не е прв пат Костоски да донираат спортска опрема и спортски реквизити за прилепските клубови. Велат дека тоа го правеле во минатото, а ќе продолжат да го прават и во иднина.
Покрај донацијата, Бубио вели дека стојат на располагање за сите вредни членови на клубот, кои имаат потреба од финансиска поддршка, да ги помогнат преку вложувања во здрава исхрана, настапи на натпревари и слично.
-Ако постои потенцијал, ние сме подготвени да финансираме и за натпреварувања во Европа и САД, а не само на Балканот, истакна Костоски.
Нам ни останува да им честитаме за великодушноста и за поддршката која ја даваат на прилепскиот спорт, и се надеваме дека ова ќе биде поттик и за други нашинци од дијаспората да го сторат истото.