Адолфо Лопез со својот син бил на паркинг во автомобилот во Кентаки (САД), кога видел дека една жена е во опасност.
Излегол од автомобилот и го прашл насилникот зошто на сила ја турка жената во автомобилот.
Не сакал да замине, се додека жртвата не излегла од автомобилот.
Неговиот син целата ситуација ја снимил со мобилниот телефон и бил премногу горд на својот татко.
Thank you, Mr. Adolfo Lopez, for showing your son how to Save the Day!! https://t.co/dp0BTvQ86t
— JewelHunter?????? (@CrystalCipriani) October 31, 2018
“Денеска го научив синот дека вистинскиот маж не удира жена. Поточно, не пред мене”, напишал Адолфо.
Лопез се погрижил жената да биде безбедна, па потоа ја пренесол до дома.