Сакал да лета: 5 годишно дете земало чадор и скокнало од прозор

dete-skok-640x853

Несреќата се случила минатиот четврток, а 5 годишното дете за среќа поминало со полесни повреди затоа што отворениот чадор го ублажил падот.

-Фала му на Бога што мојот син се опоравува и ништо не скршил. Мислам дека драгиот Бог го сочувал, кажала мајката на детето, 32 годишната Жељка В., пренесува 24sata.hr.

Кога слушнале дека нивниот мал сограѓанин преживеал скок од прозор на стан, соседите во неверување вртеле со главата.

Ниту лекарите во Клиниката за детски болести во Загреб, кои во текот на работниот век виделе сешто, не им се верувало дека детето ништо не скршило, со оглед дека паднало од висина од 10 метри.

Откако скокнало од прозорот, по детето прва дотрчала сосетката Романа Тотгетргели Чаканиќ (38), која живее под станот на тричленото семејство.

-Слушнав како нешто зашушти покрај прозорот. Помислив дека нешто паднало од кровот, затоа што на него во тој момент се извршуваа одредени работи. Сепак погледнав низ прозорот. Го видов малиот како лежи. Веднаш истрчав од зградата и истрчав колку што ме држеа нозете и го прашав како се чувствува. Говореше дека го болат нозете и грбот, изјави сосетката која и понатаму е во шок.

Романа го советувала да не помрднува додека не дојде брзата помош. Откако стигнале, веднаш го однеле во болница, а детето во ниту еден момент не ја губело свеста, а на лекарите им раскажал дека сакал да скокне како Спајдермен.

Мајката вели дека се било за момент. Сите бевме во соба и во еден момент детето го снема, за потоа во дневната соба да се качи на прозор и да скокне со отворен чадор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.