Инфлуенсерка на Инстаграм и Тик-Ток побарала да јаде гратис во познат ресторан, а за возврат да ги изрекламира на своето “стори”, па добила одговор на кој се смее целиот регион
Дорис Станковиќ е Хрватка која има стотина илјади следбеници на своите профили на социјалните мрежи. Пред извесно време таа му понудила на сопствениците на некој ресторан во Пореч соработка во облик на компензација. Таа побарала да јаде гратис, а за возврат да објави ознака од ресторанот на својот профил.
“И што потоа, што ќе добиеме ние од тоа? Некој потоа да се зафркава со нас затоа што сме на вашето Инстаграм стори? Вашата понуда е во најмала рака смешна, тоа може да го побара и добие Мадона, Серена Вилијамс, Вил Смит. Вие можете да дојдете кај нас и да јадете, услугата ќе ја платите, а ние можеме во договор со вас износот од вашата сметка да го уплатиме во хуманитарни цели и за тоа да објавите на вашето стори. Во спротивно нема џабе ни кај стара баба”, и порачале од ресторанот, а одбивањето на понудата и паднало многу тешко, па Дорис решила на својот “Тик-Ток” да се исмејува со ресторанот, но потоа и самата стана мета на потсмев од Твитер заедницата.
umirem od smijeha, tiktokerica tražila od restorana u poreču besplatnu večer i oni je odjebali ? pic.twitter.com/VeoUvHNx9y
— Vale (@lokalni_alkos) August 29, 2020