САЕМ НА УЧИЛИШНИ КОМПАНИИ ВО СОЕПТУ„КУЗМАН ЈОСИФОСКИ-ПИТУ“

DSC_5421_800x534

По повод одржувањето на Саемот на Училишните компании во СОЕПТУ,,Кузман Јосифоски-Питу“ -Прилеп,  училиштето беше посетено од страна на деветоодделенците од Основните училишта од нашиот град. Деветоодделенците  градот покрај посетата на штандовите од училишните компании, на коишто имаа прилика да  видат сè што сработиле учениците од IV година, на часовите по Практична настава, ја посетија и Реалната компанија  – Книжарницата, која работи во склопот на училиштето СОЕПТУ,,Кузман Јосифоски-Питу,,-Прилеп.

DSC_5414_800x534

17857586_1261129254003347_1106194957_n (2)_800x600

20170407_153531_800x480

DSC_5415_800x534

DSC_5485_800x534

Реалната компанија-Книжарницата  е наменета пред сè за учениците од  училиштето, како и за потребите на учениците од другите училишта, но и за граѓаните кои имаат потреба од користење на услугите што ги овозможува истата..

Учениците од  училиштето СОЕПТУ,,Кузман Јосифоски-Питу“,   во Реалната компанија изведуваат дел од часовите за слободни училишни активности, практична настава како и користење на услугите за копирање, печатење на проекти и семинарски работи и извршување на дел од домашните задачи,  со користење на фотокопирот, компјутерот и печатачот, односно комплетна примена на информатичката технологија која се врши под контрола на професорките задолжени за истата.

DSC_5559_800x534

DSC_5592_800x534

Реалната компанија – Книжарницата располага и со различни видови на училишен прибор, канцелариски материјал и други производи за учениците и граѓаните од Прилеп.

Сето ова е постигнато благодарение на  директорот Васил Гајтаноски, кој менаџира како со училиштето, така и со Реалната компанија.

DSC_5596_800x534

DSC_5658_800x534

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.