Од 13 до 18 јуни, во соработка со Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе се одржи саем на книгата на „Македоника литера“ од Скопје. На оваа изложбено-продажна манифестација, со попуст и до 70 отсто, ќе се продаваат близу 300 изданија на Македоника литера од областа на детската литература, белетристиката и историографијата. Љубителите на добрата книга од Прилеп на едно место ќе може да најдат наградувани и восоко вреднувани современи европски романи, многу наградени романи од Балканот, дела од класиката, историски романи, дела од македонски автори, книги за деца од најдобрите македонски автори и од познати странски автори, вредна историска литература, антологиски дела на светската драма, книги за театар и за филм, стручна литература…
Саемот на книгата ќе се одржува на отворен простор – на платото пред Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, меѓу 10 и 20 часот.