САД ОТКРИВА: Ова е најопасното оружје на Путин а не е ни тенк ни авион!

putin-alien-vanzaemaljac-600x377

Аналитичарите на “Њу Јорк Тајмс” откриваат дека Русија е фокусирана во “војанта на информации” и  за неа интернетот претставува клучно боиште во 21 век.

Кога Шведска започна јавна расправа за можно влегување во НАТО алијансата, шведските лидери  пред себе имаа голем број на искривени и лажни информации на социјалните мрежи, кои потполно ја збунија јавноста.

Се зборуваше и за тоа дека НАТО во Шведска ќе префрли дел од своето тајно нуклеарно оружје. Како што изнесува Њу Јорк Тајмс, сите изјави биле лажни, но почнале да излегуваат по традиционалните медиуми па министерот за одбрана Питер Хултгвист морал да ги разуверува граѓаните.

Изворот на тие тврдења никогаш не е откриен, но како што откриваат американските медиуми зад сето тоа стои Русија. Медиумите тврдат дека Русија го прави тоа со цел да нема проширување на НАТО.

Американските медиуми тврдат дека Путин нема доволно воена сила за директен судир со НАТО,ЕУ и САД, па затоа многу вложува во “војната со информации”.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.