САД крена раце од Косово: Приштина ја губи поддршката на администрацијата на Трамп!

Поранешниот американски cпецијален претставник за Косово, Кристофер Хил, вели дека кога станува збор за Косово, не може повеќе да се смета на поддршката на администрацијата на Доналд Трамп, бидејќи, како што вели, Вашингтон практично ги повлече рацете од косовското прашање.

За „Дојче Веле“ тој вели дека унилатерализмот на администрацијата на Трамп ги прави САД станат иpелевантни таму каде што треба да бидат важни”, како што е нивната положба во решавањето на преостанатите прашања на Балканот.

Тој нагласува дека Европа треба да се справи со овие проблеми бидејќи САД остануваат без pешение за овие прашања.

Хил, исто така, вели дека му е жал што петте членки на ЕУ уште не го признале Косово, но дека ги разбира нивните причини.

– Мислам дека прашањето за Косово останува прашање кое ја дели Европа од нејзината цел да стане обединета и во миp, рече Хил.

Според него, приказната за менување на границата е само симптом на косовскиот ппоблем, и затоа тоа не е магично решение.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.